Во период кога Македонија пред влезот на НАТО и почеток на преговорите за ЕУ не запираат скандалите кои противниците на оваа Влада и Зоран Заев ги темпираат точно овој период.Тука помагаат и домашните и регионалните играчи, платеници, преку медиумските пропаганди и лажни вести насочувајќи ги  обвиненијата без и да започне судската постапка и истрага.

Италијанскиот извршител пријател на ВМРО ДПМНЕ, како автор на објавените снимки веќе е дешифриран и јасно е дека целта не му е за влез на Македнија во ЕУ ,туку амбиент за против . Неговатата улога е јасна.

Српските провладини медиуми целосно  се фокусирани да го извалкаат премиерот Зоран Заев и да го насочат јавното мислење дека тој е инволвиран во оваа „местенка“ и сценарио кое го извршуваат македонскиот тајкун Орце Камчев и парадерот Боки 13.

 Додека обвинителката Вилма Рускоска е на годишен одмор, дел од српските медиуми на големо се ставија во улога на обвинители и во целата афера се обидуваат да го дискредитираат  премиерот Зоран Заев, односно да го посочат како главен виновник, најавувајќи дека „Владата во Северна Македонија се тресе. Со ваквите инсинуации српските медиуми, особено Курир и Информер, почнаа веднаш штом „Ла Верита“ ги објави првите снимки, кога воопшто не беше ниту споменат премиерот Заев . Овие медиуми во Србија важат за блиски на Вучиќ и особено се популарни по својата сензационалност.И тука е јасна приказната- кој е целта.

Истовремено  една група орекстрирани медиуми во Македонија здушно ги презема сите овие информации и ги лиферува на македонската публика, на тој начин штитејќи се дека тие не се автори туку само пренесувачи, а покажувајќи кој треба да биде виновникот.

Истовремено тие пак притискаат врз Катица Јанева како втората цел за која  и  за судството дефинираа позиција дека тие се одмораат шетаат и ја одложуваат истрагата. Сепак Катица е само сегмент во приказната за која недостадуваат објаснувања за нејзината инволвираност, поради што таа бара да започне истрагата  за да се расчисти случајот.Но, јасно е  дека таа сама по себе не е цел туку СЈО и нејзината релевантност за случаите кои се процесуирани а во кои се осомничени челниците на претходната власт и ВМРО ДПМНЕ.

Фотографиите што циркулираа деновиве  на социјалните мрежи кои се исто така  се дел од тој пакет на дезинформации,  на кои се гледа како Катица Јанева минува на граничен премин испадна дека не се нови, како што се претпоставуваше. Се утврди  дека за стари фотографии од 2016 година, објави Фокус.Овие фотографии привлекоа внимание со оглед  на тоа дека Јанева деновиве исто така беше на одмор на Грција, додека истовремено нејзиниот глас се слуша во снимките објавени од Ла Верита за случајот „Рекет“. Уште една лажна вест, за да се девалвира судството дека се шета додека „државата се тресе“ од скандали.

Кога на тоа ќе се придодадат изјавите на квази експертите по телевизиите се покажува  дека целиот случај е прецизно планиран , со актерите и статистите Боки13 и  Орце Камчев, новинарот на италијанскиот весник Ла верита , домашни мегафони, се со цел и главна мета , соборување на власта и Зоран Заев, а не расчистување на некакви организирани криминали.

Броењето пари и пријателските разговори на Боки и Орце покажуваат тие дека се на иста страна , и тоа дефинира друго дело , можеби „Поткуп“ а не „Рекет“, но тоа недостасува во јавниот линч на сцената.Опозиционерите само наддаваат со суми и милиони кои се бизнисмени биле рекетирани, се е во милиони евра, демек, а никој од бизнисмените на пример не пријавил таков капитал.

Тука се наметнува од каде и како толку милиони евра циркулираат, и зошто биле давани ако биле давани и што се купувало и продавало, во чие име, ако се тоа се случувало …!? Но тоа се други математики кои се можни ,а прашањето е кој ги менаџира , нарачува и диктира  и со каква цел ?

Премиерот Заев во повеќе наврати даде конкретен одговор до сите пакувачи на оваа лажна слика против него, во период кога за Македонија се решава влезот во НАТО и ЕУ. Тој недвосмилено бара итна истрага и се оградува од сите тие кои му пакуваат приказна дека тој е инволвиран.

„Во најновиот објавен разговор некои од осомничените го спомнуваат и злоупотребуваат моето име. При тоа се изнесуваат лаги и бесмислици со цел едниот соговорник да ја зајакне својата позиција на моќ и авторитет пред другиот соговорник.

-Најостро, категорично и одговорно отфрлам било каква поврзаност, соработка или комуникација со осомничениот Бојан Јовановски во врска со случајот “Рекет” и за било какви други прашањата кои се предмет на истрагата за овој случај.

Со Бојан Јовановски единствено имам разговарано за хуманитарни активности на неговиот Меѓународен сојуз, после што ниту јас ниту Владата не сме имале никаква натамошна соработка, ниту формална, ниту неформална. Се имам појавено и на интервјуа во 1тв, како што редовно се појавувам на сите други телевизии и медиуми, во интерес на отвореноста кон јавност.“

 

Неговата порака е многу конкретна:
Случајот “Рекет” покажува дека она за што се боревме со граѓаните, сите ние заедно, стапува на сцена. Правдата е на потег. Секаде во светот, во било која земја каде власта одлучно и искрено создавала услови да се отвораат истраги против секого каде што имало и најмало сомневање, секаде било тешко и трауматично. Нема да е лесно и кај нас. Ќе биде тешко и ќе има трауми, но само така ќе бидеме држава каде владее правото, само така ќе бидеме држава каква што сите посакуваме.

Повикувам на темелна и независна истрага, која мора да заврши што е можно поскоро и мора да ги покаже сите детали. Резултатот од истрагата мора да донесе преземање одговорност, исклучиво согласно докази и согласно словото на правото. Одговорност мора да има и за осмислувачите и за сите оние кои прават сѐ да се спасат и при тоа се претставуваат како жртви, порача премиеорт Зоран Заев.

Се чека од утре да почнат сослушувањата на обвинителката Русковска  на обвинителските на СЈО, Лиле Стефанова и Катица Јанева и конкретна истрага на јавното обвинителство, по што веројатно ќе запрат лажните вести  за ова дело кое го доби насловот „Рекет“ и ќе се добијат официјалните одговори за тоа кој е криминалецот во оваа италијанско-српско- македонска игранка.

Слични содржини