494
МВР информира дека синоќа лажен полицаец на митинг на политичка партија во Вевчани, фотографирал лични карти и се заканувал.
Според полицијата, било пријавено дека околу 20.30 часот во центарот на с.Вевчани (пред кафе бар) додека следел митинг на политичка партија едно лице лажно му се претставило дека е полициски службеник и му побарало лична карта и откако ја фотографирал личната карта, му се заканил на пријавителот.
-Лицето влегло во кафе барот и им ги побарал а потоа и ги фотографирал личните карти на И.Д., М.Д., В.П., К.Р., Т.В. и Н.Б., сите од Вевчани, а потоа, без да се легитимира со службена легитимација, се оддалечило.
МВР додава дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.