Лажно се претставил како полицаец пред вистински полицајци

од Nikola Popovski
260 прегледи

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Т.К.(33) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно претставување” по член 391 од Кривичниот законик.

На 25.05.2022, пријавениот бил запрен од полициски службеници додека управувал патничко возило, а поради сторен сообраќаен прекршок.

Притоа, тој лажно се претставил како полициски службеник и се легитимирал со лажна службена легитимација на МВР која сам ја изработил.