ЛДП: Ние сме ветерницата што ги движи работите напред, либерално кон Европа

од Aleksandar Todeski
274 прегледи

Позитивни промени во општеството и исполнувања на сите поглавја на ЕУ за нашата земја беа главните теми за кои се дискутираа пред членовите на втората граѓанска трибина на ЛДП, „Размислувај различно, либерално кон Европа“ во Даре Џамбаз во Скопје, информираат од партијата. 

На трибината пред учесниците се обрати Андреј Јосифовски, претседателот на општинската организација на ЛДП од Центар како и специјалниот гостин од Словенија, Роман Јакиќ, политичар и претседател на LIВSEEN којшто на сите им порача дека Македонија не е сама во Европа.

„Во Европа не сте сами, не е Европа само Франција, туку Европа се 28 самостојни и суверени држави која одлучуваат сами, но сепак под чадорот на ЕУ. Морам да ви кажам дека, лично јас, како словенечки политичар заедно со моите колеги од останатите 27 држави, бевме шокирани кога чувме дека Македонија не може да ги започне преговорите со ЕУ“ вели политичарот Јакиќ.

„Иновативна Европа, хакатон за безбедноста“ е конференцијата која се организира во Македонија за аспирациите на земјата во НАТО под палка на др. Рajнер Адам директор на Фондација Фридрих Науман за ЈИЕ, кој исто така се обрати на трибината на ЛДП.

„Ние како Либерална партија многу силно го подржуваме членството на Северна Македонија во ЕУ и НАТО, токму тоа го имаме документирано во нашите одлуки во партијата. Можеме да кажеме дека не сме многу среќни што вашата земја имаше француско вето и со тоа беше одбиена за преговорите со ЕУ“, рече Адам. 

Да не гледаме црно и бело поточно само лево или десно, потребна е шареноликост во политиката, да се обидат за младите кои ќе останат во земјата сите да им се даде еднаква шанса порача потпретседателката на партијата, Моника Зајкова.

„Кога имаме време кога треба да се случуваат промени, едните дигаат ѕидови други градат ветерници, ЛДП е онаа која ќе ги гради ветерниците на различни размислувања. Треба да престанеме со голиот популизам и лажните ветувања, на пример ќе ги вратиме младите, ќе направиме ветинг, туку сите да изградиме една држава која размислува различно и која што нуди еднакви права за сите но и правичност за сите пред законот“ потенцираше Зајкова. 

Емил Кирјас, потпретседател на Либералната Интернационална, пред присутните повтори дека било шокантно за сите политичари дека Франција во последен момент го променила ставот за да даде зелено светло за Македонија во ЕУ. Тој потенцираше дека треба сите заедно да сме сплотени и заедно да градиме подобро општесто.

Слични содржини