ЛДП: Во кое својство реагирало обезбедувањето на собранискиот спикер при проверката на косовската претседателка Османи?

од Vladimir Zorba
78 прегледи

Најостро го осудуваме инцидентот на скопскиот аеродром настанат при проверка на косовската претседателка Вјоса Османи, велат од Либерално-демократската партија.

– Како што заклучуваме од официјалните информации на Министерството за внатрешни работи, насилниот чин од страна на припадници на обезбедувањето на претседателот на Собранието кон вработените и контролорите на скопскиот аеродром, претставува сериозно загрозување по животите на луѓето кои го контролираат авио-сообраќајот, патниците и сите оние кои биле присутни во моментот на претење со огнено оружје, велат од партијата.

Тие додаваат дека се уште не е заборавен упадот во МНАВ.

Апелираме за поголема контрола која ја засега безбедноста на луѓето, за што не е дозволено ни најмала невнимателност.

Недозволиво е било какво кршење на законите и нарушување на јавниот ред, мир и безбедносните протоколи од било кого, без разлика дали станува збор за високо позициониран функционер или носител на јавна функција.

– Го охрабруваме ОЈО и сите засегнати институции да постапуваат согласно законите и да се расветли настанот, порачува ЛДП.

Слични содржини