ЛДП: За „Асоцијација на албански општини“ во мултикултурно развиено општество, не треба ни да се помисли

од Stefanija Kuzmanovska
143 прегледи

Од Либерално демократска партија велат дека потребни се иницијативи кои ќе ги поттикнат граѓаните на единство и кои ќе стимулираат да зборуваме за квалитет и развој, а не за поделби по било какви основи.

„Не само што не треба да се спомне, туку не треба ни да се промовира иницијативата за „Асоцијација на албански општини“ во Северна Македонија затоа што тоа е чин кој создава групирања и поделби и се коси со вредностите за либерално-демократско, европско општество кон кое се стремиме“, се вели во острата реакција на Либерално-Демократската партија.

Од таму додаваат дека во време на европски интеграции ваквата иницијатива води кон создавање на нови поделби во општеството, а не кон заедништво.

„Северна Македонија е мултикултурно општество, во кое освен Албанци, живеат и Турци, Бошњаци, Власи, Срби, Евреи, Роми и останати заедници.

Би сакале да потенцираме дека аспирациите на ‘големи држави’ одамна се минато и не носат ништо освен партиски поени.

Се додека не зборуваме за квалитет, еднаквост пред законот не може да очекуваме дека ќе живееме во прогресивно, демократско и напредно општество во кое сите се чувствуваат слободни, еднакви и безбедни“, велат од ЛДП.

Од партијата повикуваат сите партии од земјава да ја осудат иницијативата на „Алтернатива“ и да престанат манипулативните изјави со чувствата на граѓаните, затоа што обидите за етнички тензии земјата ја носат во погрешен правец.

Слични содржини