Американскиот кошаркар Леброн Џејмс е прогласен за најкорисен играч на Олимписките игри, соопшти Светската кошаркарска федерација (ФИБА).
Џејмс (39) во финалето против Франција постигна 14 поени, имаше шест скока и 10 асистенции, а селекцијата на САД синоќа во финалето на Олимписките игри во Париз ја победи Франција со 98:87.
„Кралот“ во полуфиналето против Србија мечот го заврши со „трипл-дабл“ – 16 поени, 12 скока и 10 асистенции.
Џејмс изјави дека не планира да игра за националниот тим на Олимписките игри во Лос Анџелес, кои ќе се одржат во 2028 година, објави ЕСПН.
„Не, не се гледам себеси како играм на Олимпијадата во Лос Анџелес, но не се гледав ниту себеси како играм во Париз. Следните Олимписки игри се за четири години. Не, не можам да се видам себеси на Игрите во Лос Анџелес“, изјави Џејмс, кој е член на Лос Анџелес Лејкерс од 2018 година.