Леброн со трипл-дабл за првата победа на Кливленд за новата сезона

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Постојниот шампион во НБА Кливленд Кавалирс ја стартува новата сезона со убедлива победа над Њујорк Никс со 117: 88. Домаќините имаа само три поени предност по првата половина од средбата, и  го презедоа водството и го  завршија натпреварот со огромна  предност од 29 поени.

lebron Каиро Ирвинг реализира 29 поени за победниците, а Леброн Џејмс стана автор на трипл-дабл – 19 поени, 14 скока и 11 асистенции. Кевин Лав пак забележа дабл-дабл – 23 поени и 12 скока. За Никс најпрецизен стана Кармело Ентони со 19 поени. Во следниот натпревар Кливленд игра со Торонто надвор