Репрезентативецот на САД, Леброн Џејмс беше пресреќен по победата против Србија и пласманот во финалето на Олимписките игри.
Американците на крајот од мечот во Париз направија пресврт и в сабота ќе се борат против Франција за златниот медал.
„Знаевме дека ќе биде предизвикувачки натпревар. Знаевме дека ќе биде најтешкиот натпревар досега, но тоа беше целосен ефорт“, рече Џејмс откако постигна 16 поени со 12 скока и 10 асистенции за четврти „трипл-дабл“ во историјата на Олимпијадата.
„Им кажав на моите соиграчи дека е добро да бидеме ставени на тест. Одлично е да се тестираш. Ние сме на еден натпревар до нашата крајна цел. Така, со нетрпение го очекуваме натпреварот против Франција“.
Решавачкиот меч е в сабота од 21:30 часот, а 39-годишниот Леброн е свесен дека ќе игра против екипа која ќе има голема поддршка од публиката.
„Тие се супер конкурентни. Тие веќе некое време играат заедно. Ја нахранија публиката. Со нетрпение го очекуваме тој натпревар“.
Ова е последниот олимписки турнир на Џејмс и тоа е уште една причина зошто е толку возбуден.
„Имам 39 години и влегувам во мојата 22-ра сезона. Не знам колку вакви прилики и моменти ќе имам за да можам да се натпреварувам за вакво нешто. Се натпреваруваме за нешто големо и играме големи игри. И вечерва тоа беше голем натпревар“.
Леброн се осврна на дуелот меѓу Никола Јокиќ и Џоел Ембиид.
„Тоа се двајцата најдобри големи луѓе што ги имаме во НБА. И двајцата беа одлични. Џоел го постигна секој голем кош што ни требаше“, рече Џејмс.