ЛЕД светилките низ Скопје ќе светат со намалена јачина

од Берта Китинска
205 прегледи

Град Скопје, и покрај енергетската криза, не планира да ги изгаси светлата на уличното осветлување.

-На булеварите и улиците кои се под надлежност на Град Скопје нема да се гаси уличното осветлување, кажа градоначалничката Данела Арсовска.

Како дел од мерките на Градот за справување со енергетската и економската криза ќе биде намалување до 70 проценти на интензитетот на уличните светлки, но не и нивно целосно гаснење.

„Нема под ниту едни услови да го исклучиме јавното осветлување на булеварите и улиците кои се под надлежност на Градот. Затоа ќе направиме сè што е можно да се намалат трошоците за струја, но не врз грб на граѓаните односно да се загрози нивната безбедност и сигурност. Меѓу мерките што ќе се преземат е и намалувањето на осветлувањето до 70% и промената на обичните, со ЛЕД светилки. На институциите, исто така, ќе им се препорача да го ограничат осветлувањето на зградите, како и рекламните светла. За тоа што ќе прават општините кои се во рамките на Скопје со јавното осветлување.“, рече Арсовска.

Мерките за штедење струја стапуваат на сила од 1 септември и ќе важат до 31 март 2023 година.

Слични содржини