326
Неодолив леден крем од јагоди…
СОСТОЈКИ:
250 гр јагоди
1 белка
1 лимон
3 дл павлака за шлаг
шеќер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Јагодите исчистете ги, измијте ги и исцедете ги, па иситнете ги. Од белките разматете цврст снег. Разматете слатка павлака и зашеќерете ја по вкус.
Измешајте павлака, снег од белки, сок од лимон и иситнети јагоди. Кремот ставете го во чаши и оставете 1 час во замрзнувач.
Пред послужување, кремот украсете го со цели јагоди./Gotvi.mk