Лефков: Дали „аудито Q8“ кое го вози Филипче е награда за некој од десетиците милионски тендери?

од Nikola Popovski
81 прегледи

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков денеска го повика новиот лидер на СДСМ, Венко Филипче да каже како „со плата се купува возило марка „Ауди Q8“ и се гради хациенда на Водно“. Лефков на прес-конференција праша чиво е аудито со кое Филипче се вози, односно дали е на негово име или на некој друг.

-Дали луксузното `ауди Q8` кое го вози Филипче е награда за некој од десетиците милионски тендери и дали народот страдаше 7 години за сега Филипче да се вози во скапи џипови?“, праша Лефков.

Тој бара „Филипче да каже и како неговото семејство се стекна со хациенда на Водно и колку пари е платена истата? Филипче да каже дали добитниците на тендери во здравството морале да влегуваат во дилови со него или нему блиски?“.

-ДКСК и ЈО да отворат истраги за имотот на Филипче, но и тој кој истиот го користи, а за кој постои сомнение дека може да станува збор за скриен имот. Филипче да не се крие зад политичката позиција и да каже како се станува милионер со плата. Ова е грдото лице на СДС и ДУИ, кое никогаш не смее да се врати, истакна пратнеикот на ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче стана нов лидер на опозициската СДСМ откако со убедлива разлика ги победи своите противкандидати Александар Бајдевски и Јован Деспотовски, додека единствената жена-кандидат за претседател на СДСМ, Славјанка Петровска на два дена пред денот на гласање се откажа од изборната трка.

Со внатрепартиските избори, Филипче стана шестиот претседател на СДСМ, по Бранко Црвенковски, Владо Бучковски, Радмила Шекеринска, Зоран Заев и Димитар Ковачевски.

Филипче го објави новиот анкетен лист во Државната комисија за спречување на корупција. Пријавил шест стана, од кои пет во Карпош и еден во Центар, како и ново возило „индиан пурсуит“ во вредност од 25.000 евра. Возило марка „ауди“, за кое обвини Лефков, нема во анкетниот лист.

Тој има 215 акции во Макстил, 55 во Стопанска банка и 40 во Гранит, но и удел во Макпетрол. Вредноста не е пријавена.

Филипче има и регистрирана фирма под назив „Poweri8“ во Бугарија.

Слични содржини