Поранешниот фудбалер на Арсенал, Џеј Емануел-Томас, е осуден на четири години затвор поради обид да шверцува канабис во вредност од 600.000 евра. Тој беше фатен кога се обидел да внесе 60 килограми дрога во Велика Британија, сокриени во два куфери. Канабисот пристигнал со лет од Бангкок на 2 септември минатата година.
Националната агенција за борба против криминалот (NCA) откри дека куферите му припаѓале на сегашниот играч на шкотскиот тим Џинок Мортон, каде што Емануел-Томас игра. По апсењето, фудбалерот беше обвинет за „увоз на дрога од класа Б“, а судот го осуди на затворска казна од четири години.
Џеј Емануел-Томас порано беше дел од младинскиот систем на Арсенал и имаше големи очекувања. Легендарниот поранешен менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, однапред го пофали и предвиде успешна кариера за него. Меѓутоа, тој одигра само пет натпревари за првиот тим на „топџиите“ и подоцна ја продолжи кариерата во англиската Чемпионшип лига, играјќи за клубови како Ипсвич, Блекпул, Кардиф, МК Донс, КПР и Бристол Сити.
Сега, како член на шкотскиот второлигаш Мортон, неговата кариера е под знак прашање.