“Не се закачајте со италијански девојки”. Ова е она што Мадона го напиша на нејзиниот профил на Instagram. Пејачката ја постави својата фотографија со Лејди Гага и ѝ честиташе за Оскарот. 
Изгледа дека двете пејачки ги закопале секирите. Гага ја има најновата статуетка, потпрена на Мадона, која ја гали неа во образот.
Мадона носи бел фустан/ноќница во комбинација со повеќе орнаменти на рацете и главата, додека Гага е во својот црн фустан, со кој се појави на церемонијата.
Партнерката на Бредли Купер во “Се роди ѕвезда” пак само објави неколку фотографии од “Оскарите” и напиша: “Момент од мојот живот, кој никогаш нема да го заборавам”. Таа ѝ се заблагодари на Академијата за наградата и на џентелмените со кои ја напишав и изведов песната во филмот. “
Пред неколку години, Мадона ја обвини Гага дека ја имитира, и постојано раскажуваше дека не ја толерира. Денес двете очигледно добро се разбрале и изгледаат како да слават заедно по Оскарите.
https://www.instagram.com/p/BuWzLVxFpyy/?utm_source=ig_embed