Лејди Гага им порача на обожавателите дека е добро по страшниот пад од сцена

од desk4

На шоуто во Лас Вегас пејачката доживеа многу непријатна и опасна ситуација. Имено таа во тек на настапот на сцената повика еден обожавател од публика, а тоа што следеше, не можеше ни да го замисли.

Додека танцуваше Гага скокна и со нозете го опфати момчето околу половина, но не очекуваше дека тој ќе изгуби рамнотежа, што резултираше со непријатен пад од сцена. Поточно кога паднаа, таа беше одоздола, а момчето над нејзе.
И додека некои го напаѓаа него, дека бил несмасен, други реагираа дека вината е во нејзе бидејќи „скокнала“ на него од што тој изгубил рамнотежа. Но Лејди Гага ги сподели видеата на својот Твитер профил и вината ја презеде на себе пишувајќи : „Кога капетанот ќе го потоне својот брод“.

Како и да е по настанот Гага веднаш беше пренесена во болница, од каде им испрати порака на обожавателите дека се чувствува добро и немаат за што да се грижат, бидејќи не е повредена. Имено во болницата целото тело и било снимено на рентген со цел да се утврди дали има некаква скршеница.
„Кога ќе ти го снимат на рентген цело тело…Продолжи да танцуваш. Ќе биде ОК. “ напиша Гага на Инстаграм, под рендген сликата од нејзината рака со прсти поставени во знакот ОК.

 

Слични содржини