Односите меѓу Лејди Гага и Бредли Купер се претворија во една од најзборуваните теми во социјалните медиуми. Во почетокот на март, сепак Лејди Гага не пропушти да се објасни на своите фанови и сите кои претпоставуваа дека со актерот имаат романтични односи, дека меѓу нив нема ништо.

Лејди Гага се раздели со нејзиниот свршеник Кристин Карино во февруари по нивната двегодишна врска.
Според Пипл, сепак, во последно време пејачката стана многу блиска до актерот Џереми Реннер и поголемиот дел од времето го поминува со него.

Овој факт предизвика многу странски медиуми да дојдат до претпоставката дека тие се на почетокот на нова романса.
Засега ниту Лејди Гага ниту Џереми Ренер не ја потврдија веста.