Лејди Гага го симнала нејзиниот веренички прстен од нејзиниот дечко – холивудскиот агент Кристијан Карино. За разделбата меѓу двајцата се зборува веќе неколку недели, а веста е потврдена од портпаролот на пејачката за Пипл. 
Гласините дека има проблеми помеѓу двојката беа интензивирани по церемонијата на доделување на Греми наградите. Пејачката дојде сама, а на нејзината рака недостасуваше свршенички прстен. Гага ја освои наградата во категоријата “Најдобар поп дует / групна изведба” со песната “Shallow”.
Само неколку недели порано, таа и Карино беа заедно на наградите “Златен глобус”, а потоа не дадоа знаци на проблеми во нивната врска.
Ова не е првата свршувачка што изведувачката ја раскинува. Во 2015 година, таа се вери за актерот Тејлор Кини по петгодишна врска. Сепак, помалку од една година подоцна, тие се разделија.