Лејди Гага се повлекува привремено од музичката сцена

од Vladimir Zorba

Пејачката Лејди Гага планира да се повлече од музичката сцена на неодредено време по завршувањето на својата турнеја. Ова го објави самата таа на прес-конференција на филмскиот фестивал во Торонто, каде беше презентиран документарниот филм за неа “Гага 5’2”.

“Ќе си земам одмор, не знам колку долго. Тоа не значи дека нема повеќе да создавам. Не значи дека не готвам нешто. За мене секогаш ќе остане најважното нешто на светот да ги забавувам луѓето и да правам да се чувствуваат среќни “, ги увери ѕвездата обожавателите во изјавата пред новинарите и прецизираше дека повлекувањето произлегло од потребата” да го успори малку темпото и да се излечи “- според нејзините зборови од хронична болка.

“Сè е во ред … тешко е. Но е и ослободувачко. Во мене има елемент, многу силен дел кој верува дека болката е микрофон. Таа не може да ти влијае освен ако не ја трансформираме во нешто добро”, изјави уште 32-годишната поп дива.

Соопштението на Лејди Гага доаѓа само една недела откако ѝ се наложи да го откаже концертот во Монтреал поради ларингитис и инфекција на дишните патишта, добиени на концерт во Њујорк. Во својата кариера пејачката никогаш не ја криела борбата со депресијата, нарушувања во исхраната и хроничните заболувања. Тие сепак никогаш не ја попречиле за 10 години да сними 5 албума и да освои безброј награди.

Слични содржини