Лејкерс привлече бек од шампионот Торонто

од Vlatko K
133 прегледи

Л.А. Лејкерс го привлече бекот на шампионот Торонто, Дени Грин. 32-годишниот Грин, кој е
слободен агент од почетокот на месецот, се договори за 2-годишен договор вреден 30 милиони
долари.


Тој ќе се приклучи на големата ѕвезда на тимот, Леброн Џејмс, а „езерџиите“ се очекува да го
финализираат и трансферот на Ентони Дејвис од Њу Орлеанс што е можно поскоро.

Грин постигнуваше во просек по 10,3 поени и 4,0 скокови во 80 натпревари во регуларната сезона
во последната кампања, а во 24 натпревари од плејофот на патот кон титулата имаше индикатори
од 6,9 поени и 3,6 скока.