Лос Анџелес Лејкерс го повлекува дресот со број 16 кој го носеше Шпанецот Пау Гасол.
Во соопштението за медиумите се наведува дека церемонијата ќе се одржи на 7 март следната година пред натпреварот помеѓу ЛА Лејкерс и Мемфис.
– Шампион, легенда и вечен член на нашето семејство. На 7 март 2023 година ќе го кренеме дресот на Пау Гасол под покривот – објави клубот од Лос Анџелес на својот Твитер профил.
Гасол играше за ЛА Лејкерс од 2008 до 2014 година. Со овој клуб освои две шампионски титули во НБА лигата (2009 и 2010 година).
Шпанскиот кошаркар е 11. играч во историјата на ЛА Лејкерс, чиј дрес ќе заврши на врвот на салата.
– Кога Пау ќе се пензионира, неговиот број ќе биде до мојот. Без него не можев да ги освојам тие титули – изјави легендарниот Коби Брајант кога неговите два броја (8 и 24) беа подигнати под сводовите на „Стејплс центарот“.
Покрај Л.А. Лејкерс, Гасол играше и за Барселона, Мемфис, Чикаго, Сан Антонио и Милвоки.
Играчката кариера ја заврши минатата година во Барселона.