Лекари предупредуваат на храна која предизвикува повеќе смртни случаи отколку тутунот

од Stefanija Kuzmanovska
779 прегледи

Без разлика дали се работи за чоколадо или солени чипсови, секој понекогаш копнее по нездрав оброк.

Сепак, ултра-преработената храна не е ограничена само на работите што ги јадеме повремено, тука спаѓаат и виршли, леб, јогурти со вкус, дури и супи од кесичка.

„Оваа храна е поврзана со повеќе смртни случаи ширум светот отколку тутунот“, предупреди д-р Крис Ван Тулекен во подкастот Diary Of A CEO.

„Јадев типична западна храна и се здебелив многу. Западнав во маѓепсан круг на прејадување, анксиозност и несоница. Да продолжев така една година, ќе ја удвоев телесната тежина“, додаде тој.

Докторот посочува дека ултра-преработената храна е нездрава, но и создава зависност, исто како и пушењето.

„Зголемената консумација на ултра-преработена храна е поврзана со кардиоваскуларни болести, рак, висок крвен притисок, заболување на замастен црн дроб, воспалителна болест на цревата, депресија, покачени масти во крвта, синдром на нервозно дебело црево и деменција“, предупреди докторот.

Најлошо од сè е што луѓето со ниски примања се принудени да ја јадат оваа храна бидејќи е евтина.

„Кога би се ослободиле од сиромаштијата, би се ослободиле од околу 60 отсто од проблемите на болестите поврзани со исхраната“, вели д-р Ван Тулекен.

Слични содржини