Лекарите бараат пристап до затворот: „Навални умира, прашање на денови е“

од Stefanija Kuzmanovska
327 прегледи

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални (44) „умира“ и може да доживее срцев удар во „било кој момент“, предупреди неговиот лекар во саботата.

Најистакнатиот ривал на Владимир Путин беше затворен во февруари и служи две и пол години во градот Покров, околу 60 милји источно од Москва, поради старите обвинувања, пишува „Дејли меил“.

Шест месеци претходно, едвај го преживеа труењето со нервниот гас новичок, за што го обвини Кремљ. Потоа, кон крајот на минатиот месец, започна штрајк со глад барајќи соодветен медицински третман за болки во грбот и вкочанетост на нозете и рацете.

Лекарите рекоа дека тоа можеби ја влошило неговата состојба и побараа од затворските службеници да им овозможат итен пристап.

„Нашиот пациент може да умре во секој момент“, истакнал кардиологот Јарослав Ашихмин на Фејсбук денес, посочувајќи на високите нивоа на калиум и рече дека Навални треба да биде преместен на интензивна нега. „Фаталната аритмија може да се развие секоја минута“.

Ситуацијата е критична

Ако нивото на калиум во крвта е повисоко од 6,0 милимоли на литар, обично е потребен итен третман. Кај Навални беше во 7,1, рекоа лекарите. „Тоа исто така значи нарушена функција на бубрезите и сериозни проблеми со срцевиот ритам можат да се појават во секој момент“, рече Анастасија Васиљева, неговиот личен лекар, во изјава на Твитер.

Лекарите рекоа дека треба итно да се прегледа и да се земат предвид крвните тестови и неговото неодамнешно труење. Портпаролот на Навални, Кира Јармиш, која го придружуваше кога се онесвести во авионот откако беше отруен во август, рече дека ситуацијата е повторно критична. „Алексеј умира“, напиша таа на Фејсбук. „Со неговата состојба, прашање е на денови“.

Таа рече дека се чувствува како „повторно да се наоѓа во тој авион, само што овој пат слетува успорено“, истакнувајќи дека пристапот до Навални е ограничен и дека малкумина Руси биле свесни што всушност му се случувало во затворот.

Слични содржини