Лекарите предупредуваат дека Израел ја бомбардира болницата во Газа

од Radmila Tasevska

Палестинската Црвена полумесечина денеска соопшти дека израелската војска бомбардирала неколкупати во близина на нивната болница во центарот на Газа, предизвикувајќи штета и ставајќи ги во опасност цивилите и пациентите.

-Израелската Армија намерно продолжува да лансира ракети директно во близина на болницата Ал Кудс со цел да го принуди медицинскиот персонал, раселените лица и пациентите да ја евакуираат болницата, се вели во соопштението на медицинската организација.

-Ова предизвика значителна штета на болничките одделенија и ги изложи жителите и пациентите на опасност, се додава во соопштението.

Покрај пациентите, Црвената полумесечина соопшти дека 14 илјади луѓе, раселени поради војната, се засолнети во болницата.

Претходно денеска организацијата соопшти дека примила телефонски повици од израелските сили со наредба да ја евакуираат болницата пред нападите.

Слични содржини