36
Возачот на Ферари, Шарл Леклер се обиде да ги смири шпекулациите дека веќе има тензија во Скудерија во врска со статусот на двајцата возачи и кој ќе биде број 1.
„Во Ферари најважни се интересите на тимот“, категоричен беше возачот на Монако. „Тимот е поважен од кој било возач. Отсекогаш било вака и тоа го прави Ферари различен тим. Овде навивачите го поддржуваат тимот, а не индивидуален возач.
Јасно е дека Луис Хамилтон доаѓа во Ферари со статус на легенда на Формула 1. Тоа му дава огромно внимание во споредба со она што го добивам, но не ми пречи. Тоа е нормално, но исто така не значи дека тој е поважен за Ферари од мене“.