Леклер: Ќе биде многу тешко, но не сум се откажал од титулата

од Vladimir Zorba

Шарл Леклер пред продолжувањето на сезоната во Формула 1 призна дека борбата за титулата ќе биде „многу тежок предизвик“, но додаде дека сепак „верува во титулата“.

На девет три пред крајот на сезоната Леклер заостанува 80 бода зад лидерот Макс Верстапен.

„Во текот на првата полусезона се акумулираа многу емоции, едноставно бев исцрпен – призна Шарл на „Спа“, каде денеска почнуваат слободните тренинзи за Големата награда на Белгија. „Дефинитивно ми требаше летниот распуст. Имавме многу подеми и падови оваа сезона. Поминав три недели со моето семејство и пријателите и беше одлично“.

Леклер го потврди пристапот што ќе го користат во Ферари за претстојните стартови.

„Ќе работиме трка по трка, целиот тим пристапува на овој начин – додаде пилотот на Скудерија. „Но, мораме да ја искористиме максимално секоја прилика што ќе ни се појави и јас се уште верувам во титулата. Секако, ова ќе биде многу тежок предизвик. Ќе верувам дека можам да успеам до самиот крај“.

Слични содржини