Леклер пред ГН на Мајами: Очекувам неизвесна трка

од Vladimir Zorba

Шарл Леклер ја освои својата трета пол-позиција од почетокот на сезоната во Формула 1, откако ги освои квалификациите пред првата трка за Големата награда на Мајами. Во нив тој беше најбрз со време од 1:28.796, победувајќи го својот тимски колега Карлос Саинц за 0.190 секунди, кој ќе стартува втор.

Веднаш зад двоецот на Ферари ќе биде оној на Ред Бул – Макс Верстапен и Серхио Перез, а очекувањата на Леклер се за неизвесна трка меѓу двата тима околу „Хард Рок“ стадионот утре.

„Навивачите се луди, прекрасно е да се биде овде во САД и да се види колку спортот порасна овде во последните неколку години. Добро е што гледаме толку многу навивачи на трибините, тоа дефинитивно не мотивира, а многу од нив се навивачи на Ферари, што е неверојатно“, започна тој и продолжи:

„Минатиот викенд не беше добар за мене, направив грешка во трка. Денеска (вчера), сепак, беше перфектно и ќе стартувам од пол-позицијата, а утре треба да го завршиме започнатото. Тие (Ред Бул) се многу брзи на правците, ние во свиоците. Очекувам неизвесна трка и се надевам дека ќе победиме“, изјави пилотот од Монако веднаш по квалификациите.

Трката за Големата награда на Мајами, петто коло од сезоната 2022 во Формула 1 започнува во недела (8 мај) во 21:30 часот по македонско време.

Слични содржини