Леклер: Престанав да ја следам разликата во бодови со Макс

од Vladimir Zorba

Шарл Леклер изјави дека престанал да ја брои „бодовната разлика“ меѓу него и лидерот во Формула 1, Макс Верстапен. Макс во неделата на Спа ја оствари својата 10-та победа во 14 трки оваа сезона, а Ред Бул се на пат за нивниот прв шампионски дабл од 2014 година.

По трката за ГН на Австралија, Леклер водеше со 46 поени разлика, но потоа Верстапен успеа да го претекне и сега има 98 поени предност.

До крајот на сезоната возачот може да заработи најмногу 190 поени, па битката за титулата воопшто не е завршена, но со оглед на распоредот на силите и формата на Макс, тешко дека ќе дојде до промена на иницијативата.

„Веќе не знам точно колку поени е мојата разлика со Макс, престанав да ги бројам – призна Леклер на почетокот на тркачкиот викенд во Зандворт. – Но знам дека ги има многу. Се подготвуваме и ќе возиме трка по трка, па ако добиеме убаво изненадување на крајот од сезоната, ќе биде одлично. Но, реално, ќе биде исклучително тешко, но има уште многу за што да се бориме“.

Леклер дури прецизираше кои би биле тие цели.

„Се бориме за конструкторската титула, за второто место во шампионатот, ќе притискам до самиот крај“, истакна возачот на Ферари.

Слични содржини