Лекот на „Рош“ против коронавирусот не е ефикасен

од Aleksandar Petrovski
156 прегледи

Лекот против артритис „Actemra“ (Actemra) на швајцарскиот фармацевтски концерн „Рош“ (Роше) не беше успешен во третманот на пациенти со коронавирус.

Клиничка студија покажа дека овој лек не донесе никакво подобрување кај хоспитализираните пациенти, кои страдале од пневмонија предизвикана од вирусот корона, јавуваат швајцарските медиуми.

Исто така, бројот на смртни случаи не се намалил со употреба на овој лек.

Сепак, „Рош“ најавува дека ќе продолжи со тестирање на употребата на „Актемра“ против ковид, и во комбинација со други лекови.

Слични содржини