Лекот „трикафта“ конечно пристигна, Меџити: Решено е најгорчливото прашање за пациентите со цистична фиброза

од Nikola Popovski
191 прегледи

Пристигна лекот „трикафта“ наменет за пациентите со цистична фиброза. Министерството за здравство во соработка со сите надлежни институции го реши најгорчливото прашање за оваа категорија пациенти. Очекуваме со оваа терапија ќе се подобри квалитетот на животот на пациентите со цистична фиброза. Ова денеска го истакна новиот министер за здравство, Фатмир Меџити.

Според информациите, лекот е пристигнат утрово на Клиниката за детски болести и веќе се примаат пациенти кои треба да почнат да ја примаат терапијата.

-Очекуваме да започнеме со терапија овие денови, така да секако очекуваме позитивен ефект од терапијата во подобрување на белодробната функција и намалена зачестеност на хоспитализациите. Она што можам да кажам од овие 8 пациенти, двајца се во критична состојба и тие ќе бидат третирани на Клиниката за пулмологија, рече директорката на Универзитетската клиника за детски болести, Стојка Фуштиќ.

Таа информира дека ова е годишна терапија и ќе се дава еднаш месечно.

-Пациентите примаат две таблети од сабајле од комбиниран модулатор и една таблета навечер од еден модулатор. Така да тоа е терапија која ќе се прима дома, рече директорката.

Слични содржини