Лекови на своја рака не смее да се земаат, вели директорката на Инфективна

од Vladimir Zorba

Осврнувајќи се на клиничката слика, директорката на Инфективната клинина, д-р Милена Стевановиќ во вечерашната „Топ тема“ повтори дека симтомите на КОВИД-19 се мала темепратура, гребење грло, кашлање,… Но, ситуацијата може и нагло да се влоши што е индивидуално. Во секој случај, подвлече, лекови на своја рака не смее да се земаат.

-Аплеирам пациентите да ги побараат матичните лекари. Тие може да им помогнат во осознавањето и следењето на симптомите и воедно се врската за евентуално повикување Брза помош ако ситуацијата е алармантна. Оние пациенти кои се со повисок ризик, се трудиме да ги хоспитализираме и да имаат поблаги симптоми, само за да не дојде до влошување, нагласи Стевановиќ.

Според неа, најдобро е и пациентите кои се сомневаат на коронавирус, да кажат кои хронични болести ги имаат зашто терапијата е различна зависно од севкупната здравствена состојба на лицето.

-Има достапни лекови од оние што се препорачуваат против КОВИД (за ХИВ, за маларија), но кој од нив и во која комбинација ќе се даде, многу зависи од пациентот. Мора да се внимава многу со давањето лекови. Сепак, лек ќе биде даден на секој што ќе се процени дека треба, рече Стевановиќ.

Микробиологот Голубинка Бошевска од Институтот за јавно здравје која учествува во „Топ тема“ преку скајп, истакна дека од стаидумот на болеста зависи типот на примерокот што се зема за лабораториска анализа. Притоа, за добивање точен резултат, се многу битни чувањето,транспортот и обработката на примероците.

Од вкупно заболените 354 лица од коронавирус во земјава, 59 се хоспитализирани на Инфективната клиника.

Слични содржини