Ленин снима во автобус на ЈСП: ,,Крадецот викал на цел глас држете го крадецот“

од Vladimir Zorba
378 прегледи

Ленин Јовановски, директор на приватната компанијата „Слобода превоз“, која учествува во јавниот превоз на Скопје, на Фејсбук објави видео снимка направена во автобус на ЈСП, на која се гледа дека возaчот му продава билет во готово, без да му издаде фискална сметка.

„Велат, на лагата и се кратки нозете. Јас велам некому му е краток паметот, а долг јазикот. Ова е пракса во секој автобус на ЈСП, каде возачите од директорот на ЈСП се принудени ова незаконито продавање да го прават токму вака. И сеа маќео шу праиме ? Крадецот викал на цел глас држете го крадецот“, пишува Јовановски во својата објава.

Слични содржини