Ленин Јовановски ќе преговара со Владата за долгот на превозниците

од Nikola Popovski
294 прегледи

Претставникот на приватните превозници, Кемал Муриќ денеска изјави дека официјално поднеле барање до премиерот Димитар Ковачевски за средба.

-Нашиот претставник и директорот на „Слобода превоз“ Ленин Јовановски ја преземаат улогата во преговорите со Владата. Тоа не значи дека ние нема да бидеме вклучените преку претставниците, но ингеренциите што до денеска ми беа дадени престануваат. Сега се префрлува на институционално ниво. Од сега ве упатувам на адреса на директорот Јовановски за сите наредни чекори, детали и се надеваме позитивни резултати во понатамошната медијација и прогрес во преговорите што ги организира Владата, рече Муриќ.

Тој истакна дека засега немаат конкретен датум за средба, но очекува многу скоро да се случи тоа.

-Го исполнивме апелот на премиерот за ослободување на крстосниците и повлекување на блокадите, кажа Муриќ и додаде дека нивно примарно барање е долгот од ЈСП Скопје, како и динамиката на исплата.

Од синоќа е прооден булеварот „Илинденска“ откако превозниците ги тргнаат автобусите кои со денови беа паркирани пред Градското собрание.

Слични содржини