Ленти на вратите на „Беса транс“, инспекторите си заминаа

од Nikola Popovski

Инспекторите од Државниот инспекторат за транспорт ги напуштија просториите на компанијата „Беса транс“ и со ленти ги запечатија вратите. Не се знае точно што земеле инспекторите од канцеларијата.

Ова беше вонреден увид на Инспекторатот, кој доаѓа по трагичната автобуска несреќа што се случи во вторникот на автопатот „Струма“ во Бугарија.

Полицијата постапува по налог на Обвинителството, кое што отвори предмет по укажувањата за можни прекршувања на законот при превоз на патници.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денес на прес-конференција откри дека сопствениците на Беса транс се достапни и со нив се разговара. Тој информира дека има пронајдени корисни информации во запленетите компјутери од компанијата превозник, но според него, тоа се аргументи што ќе ги разгледуваат обвинителите.

Слични содржини