Лео во изолација со девојката Камила Мороне

од Elena Daskalova
432 прегледи

Леонардо Дикаприо е во изолација со девојката Камила Мороне, поради пандемијата на коронавирусот која се рашири низ целиот свет.

„Тие се секогаш заедно, но го држат тоа во приватност“, наведува Ју-ес магазин.

Според нивните пријатели, Лео и Камила не се пар кој се расфрла со својата врска по социјалните мрежи, туку уживаат во заедничкото време.

ПОзнатиот актер и 22-годишниот модел не зборуваат многу за нивната врска, но на доделувањето на Оскарите беше забележано дека поминуваат доста време заедно, иако првично на црвениот тепих прошетаа одделно еден од друг.