
Според последните гласини холивудската ѕвезда Леонардо ди Каприо успеал да ја освои Бела Адид. И двајцата не го коментираат личен живот, но озборувања се засилија по филмскиot фестивал Кан, каде што беа и двајцата.
За време на добротворната гала вечера на amFAR организирана со цел за собирање на средства за борба против СИДА, Бела и Леонардо беа сомнително блиски. Оваа близина ја налеа водата на воденицата и анонимните извори побрзаа да ги прогласат дека Лео и Бела се љубовници.
Бела Адид тешко ја доживеа тешка разделбата со раперот The Weeknd минатата година, а потоа и не зборуваше за нејзина сериозна врска.
Во креветот на Лео пак по правило минуваат русокоси. Тој беше со Кели Рорбах, а за последен пат постелата ја делеше со данскиот модел Нина Агдал.