Леонардо ди Каприо поддржа компанија за еколошки замрзната храна

од Vladimir Zorba
67 прегледи

Леонардо ди Каприо, познат со хуманитарната активност во поддршка на заштитата на животната средина, даде поддршка и на компанијата “LoveTheWild”, која продава еколошки замрзнати морски производи собрани во фарми. “Според пресметките населението на Земјата, кое ќе достигне 9 милиони до 2050 година, покажува огромен притисок врз природните извори на храна”, вели Лео во соопштението објавено од страна на списанието “Пипл”.

“Морската храна е главен извор на протеини за речиси 1 милијарда лица, но климатските промени, загадувањето со оксиди и прекумерен риболов поставуваат зголемен притисок врз природната стабилност на океаните”, додава тој.

Актерот се надева дека преку поддршката за “LoveTheWild” ќе се охрабри побарувачката на производи кои не ја оптоваруваат природата, наместо купување на такви кои ги  нарушуваат природните дивите популации.

“Работењето на нашите океани остави многу морски екосистеми на работ на целосен крах што штети на нашата способност да се користат морињата како сигурен извор на храна, какви што биле во текот на илјадници години”, вели Ди Каприо.

Соопштението на актерот доаѓа неколку месеци откако тој вети дека ќе одвои нови 15,6 милиони долари во помош на организации посветени на заштитата на животната средина. На крајот на декември 2016 година тој се состана и со избраниот претседател Доналд Трамп во обид да го убеди да се фокусира на законодавство, што ќе придонесе за заштита на планетата.