Лепа Брена 6 месеци била на диета, ослабнала 17 килограми

од Elena Daskalova

Лепа Брена е убедливо едно од наголемите музички имиња во регионот. Таа никогаш не криеше дека има проблем со одржувањето на витката линија, особено на почетокот на кариерата.

Во интервју за српски „Блиц“, таа открила како се хранела, откако некој искоментирал за неа дека мислел дека ќе пее пејачка, а не трафостаница. Тоа ја повредило, но и ја мотивирало да почне да слабее.

„За појадок јадев едно или две варени јајца. За ручек посна супа без тестенини, со зеленчук и парче месо на скара. Последниот оброк го јадев најдоцна до 19 часот, а вечерата беше или парче пилешко месо или салата“, изјавила таа.

Исто така додава и дека активноста на сцената, пробите и настапите многу придонеле во шест месеци да ослабне 17 килограми. Пејачката била воодушевена од себе за постигнатиот резултат.

„Сите мора да знаат дека големите резултати се постигнуваат со многу работа, но и со откажувања. Верувајте во себе“, советува Лепа Брена.

Слични содржини