Лери Кинг се разведува со својата седма сопруга на 85 години

од Vladimir Zorba
132 прегледи

ТВ-sвездата и Шон Саутвик имаат два сина од нивниот брак.

85 години: Лери Кинг се разведува од својата седма сопруга

Познатиот ТВ-презентер Лери Кинг се раздели на пријателски начин со сопругата Шон Саутвик Кинг. Двајцата се заедно скоро 22 години, објави КонтактМјузик. 

Ова е седмата сопруга на 85-годишната телевизиска sвезда која вчера поднесе барање за развод во Врховниот суд во Лос Анџелес. 

Лери Кинг ги наведе „непремостливите разлики“ како причина за претстојниот развод. Тој има два сина од неговата 59-годишна сопруга, а децата на телевизиската sвезда се пет. 

Компликациите на нивниот брак беа дискутирани во 2016 година кога се тврдеше дека Шон имала вонбрачна афера, но двајцата подоцна ги демантираа гласините. 

Двајцата се сопружници од 1997 година. Пред неа, Лери Кинг беше во брак со Фред Милер, Анет Кејлет, Ален Акинс, Мики Сатин, Чарлс Лепоре и Џули Александар.

За Шон, ова беше четврт брак.