По студената зима деновите пред и околу Велигден ни даваат надеж за приближувањето на топлото време и воопшто нè полнат со сончево, пролетно расположение.
Не е добро да го пречекате овој голем христијански празник без убава тематска декорација во вашиот дом. Уште повеќе што велигденскиот декорација е далеку поевтина од божиќната.
Не е потребно да го претрупате домот со јајца, цвеќиња и зајчиња, но сепак можете да направите некои интересни декорации со учество на споменатите херои. Ако имате деца – декорациите ќе се претворат во забавен и пријатен ритуал.
А еве и неколку лесни идеи како да го украсите вашиот дом за Велигден:
1. Велигденско дрво со јајца
Можете да го направите ова дрво од суви гранки, на кои ќе закачите украсни јајца со панделки. Другата опција е да исечете такви јајца или пилиња од обоена хартија, користејќи шаблон (на фотографијата подолу). Ставете декоративни панделки и закачете ги каде ќе ви дојде низ вашиот дом и каде мислите дека е соодветно.

Фото: valentinexday.com

Фото: valentinexday.com
2. Велигденски емоции
Од истите хартиени шаблони можете да исечете јајца и да ги нанижете на долга врвца, па да се добие нешто како венец. Оваа декорација ќе стои добро на ѕидовите, над вратите и на прозорците. Можете да ги обоите / нацртате јајцата со маркери.

Фото: valentinexday.com

Фото: valentinexday.com
3. Велигден венец
Велигденскиот венец од цвеќе, гранки и украсни јајца ќе стои совршено на влезната врата. Можете да купите готов венец, кој само ќе го доукрасите со пластични јајца.

Фото: valentinexday.com
4. Аранжмани со бонбони
Ова е исто така една лесна декорација – сè што ви треба е некоја плетена кошница дома, а пазарот е полн со слатки и чоколади на велигденска тематика. Ако немате кошница, можете да користите транспарентна стаклена вазна или сад кој ќе го наполните со обоените бонбони.

Фото: valentinexday.com
5. Декорација за масата
Велигденската трпеза нема да е полна, ако нема декорација од јајца и цвеќиња во центарот. Можете да им додадете на бојадисаните јајца и декорација од свеќи, вештачка трева, пластични или керамички зајаци и пилиња, пролетни цвеќиња и др.

Фото: valentinexday.com

Фото: valentinexday.com
6. Цветни аранжмани во лушпа
Можете да ги користите лушпите и кората од јајца, како дел од вашата декорација. Само ставете мали пролетни цвеќиња во празните школки и ќе се освежи трпезата многу. Користете многу и најразлични цвеќиња, карактеристични за сезоната – нарциси, лалиња, јаглика, фреза, лилјани, зумбули и т.н.