Актуелниот англиски шампион Лестер се засили со досегашниот фудбалер на Спортинг Лисабон, Ислам Слимани.
За петгодишниот договор на фудбалерот од нападот „Лисиците“ на португалскиот клуб ќе му платат 30 милиони евра и пет милиони евра додатни на име на бонус. Со оваа сума срушен е клупскиот рекорд платен за обештетување при трансфер на некој фудбалер.
Слимани на 109 настапи за Спортинг постигна 57 голови. Тој е и репрезентативец на Алжир.