Лет од Ниш до Дизелдорф за 10 евра

од desk2
96 прегледи

Ирската нискотарифна авиокомпанија Рајанер лансира специјална понуда на своите авионски билети на релација Ниш – Дизелдорф, по цена од 9.99 евра.

На овој начин сакаат да излезат во пресрет на патниците кои се погодени со одлуката на Виз ер да ја укине линијата Ниш-Ајндховен од март 2018 година.

По таа цена може да се купат карти за патување во март и во април, но мора да се резервираат до 5 декември на полноќ, се наведува во соопштението на Рајанер пренесе Танјуг.