Летаат казни, полицијата санкционира 176 возачи од нив 18 возеле без возачка

од Берта Китинска
152 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (03.11.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-На територија на град Скопје изречени се вкупно ер176 мки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 18 санкции, 16 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, 14 мерки за непрописно престројување на возила.Изречени се 14 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз, три мерки за користење мобилен телефон…Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопшти МВР.