„Летал“ со 199 км на час, полицијата го фатила

од Nikola Popovski
322 прегледи

Во текот на вчерашниот ден (10.04.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 314 возачи.

Од нив 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 169 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 145 надвор од населено место.

Еден од санкционираните возачи се движел со високи 199 километри на час, како што објави МВР.