„Леталото не е безбедно“: Блинкен морал да го промени авионот при заминувањето од Давос

од Stefanija Kuzmanovska
301 прегледи

Авионот на американскиот државен секретар Ентони Блинкен се расипал во Швајцарија, по што американскиот државен секретар бил принуден да се врати во Вашингтон со помал авион.

Инцидентот се случил во средата, кога највисокиот американски дипломат се подготвувал да се врати дома по говорот на Светскиот економски форум во Давос.

На Блинкен и на другите патници им било кажано дека авионот е небезбеден за користење и дека морале да се симнат од Боингот 737 во кој се качиле откако пристигнале со хеликоптер на аеродромот во Цирих.

Помош потоа пристигнала од Брисел – во вид на помал авион кој го однел американскиот секретар во Вашингтон. Сепак, некои од луѓето кои патувале со него – асистенти и новинари, кои морале да користат комерцијални летови – немале среќа толку брзо да стигнат дома.

Слични содржини