Летните клубови добија дозволи за работа

од Vladimir Zorba

Здружението на летни ноќни клубови на Скопје соопшти дека нивните барања за „спас на ноќниот живот во Скопје“ биле прифатени од страна на надлежните институции, што значи дека затворените дискотеки повторно ќе бидат отворени.

„Изразуваме голема благодарност до медиумите, јавноста, Градоначалничката на град Скопје – Данела Арсовска, Советот на Град Скопје, Министерот Оливер Спасовски заедно со Секторот за внатрешни работи на Скопје и Министерот за Економија Крешник Бектеши кои придонесоа да добиеме дозволи за работа за 2022 година и ни овозможија како и во минатите 30 години да им понудиме на младите во Скопје ноќен живот после полноќ“ се вели во соопштението.

Како што велат тие, „младите во Скопје повторно ќе ја имаат истата можност како младите низ Македонија и низ светот да се забавуваат, социјализираат во нормални и безбедни услови во летните ноќни клубови“.

Слични содржини