Левандовски испиша историја за Барселона во Лигата на шампионите

од Vladimir Zorba
294 прегледи

Голот на Роберт Левандовски при ремито 1-1 во осминафиналето меѓу Наполи и Барселона се покажа како рекорден за Каталонците во Лигата на шампионите.

Напаѓачот постигна гол на возраст од 35 години и 184 дена, што го прави најстариот стрелец за Барса на турнирот. Досега највисокото достигнување го држеше Жерар Пике, кој во 2021 година се запиша на 34 години и 260 дена, но во натпревар од групата во Лигата на шампионите. Што се однесува до нокаут фазата на натпреварувањето, најстариот играч кој постигнал гол за „блауграните“ беше Лионел Меси со 33 години и 259 дена, кој повторно беше прецизен против Пари Сен Жермен во осминафиналето, но во 2021 – ва.

Со овој гол, Левандовски ја зацврсти својата одлична форма од почетокот на оваа година, со која во овој период погоди 9 пати во сите натпреварувања, откако меѓу играчите од топ 5 првенствата во Европа, тој заостанува само зад Килијан Мбапе, кој во 2024 година се запиша 11 пати за ПСЖ.

Слични содржини