„Знамето на Република Македонија – запалено од страна на необалистичките структури во државава и истото оштетено виси над месна заедница во Куманово. Под изгореното македонски знаме и низ целиот објект на Месната заедница, со спреј е исцртано албанското знаме, како и симболот на терористичката УЧК“, соопштија од Левица.
„Ова претставува последното во долгата низа еклатантни непочитувања на македонското знаме, како и на останатите државни инсигнии, кое е предводено од страна на лидерите на коалиционите партнери на СДСМ и ДПМНЕ, необалистичката коалиција ВРЕДИ и терористичката ДУИ, чии политичари меѓусебе се натпреваруваат во ширење на омраза, национализам, промоција на балистички и великодржавни идеи, кои создаваат и разгоруваат етнички мотивирани тензии.
Сметаме дека случувањата инспирирани од омраза се директна последица на промоцијата балистички и великодржавни идеи од одредени политичари, како и несанкционирањето за антидржавната политика која отворено се заговара!
Согласно на член 8 од Законот за употреба на Грбот, Знамето и Химната и член 178 од Кривичниот Законик, намерното кинење, палење, газење или на било кој начин сквернавење на македонското знаме (и останатите инсигнии) претставува кривично дело казниво со парична глоба! Поради тоа, Левица апелира до надлежните институции што побрзо да ги пронајдат сторителите.
Потсетуваме дека претходно се отвори нелегален музеј во Општина Куманово, како и неколку споменици на УЧК во различни општини, кои се толерираат од локалните, но и од централната власт. Паралелно со ова, сведочиме на промена на имиња на улици и институции, кои се преименуваат по прокламирани фашисти и балисти, додека истовремено сведочиме како спомениците на партизаните од Македонија, се уништуваат од вандали, додека државата умислено не презема ништо за нивна заштита.
Политичката партија Левица во својата програма се залага за воведување на Државен инспекторат за инсигнии, кој ќе биде надлежен за контрола и надзор над правилната употреба на државните симболи (грбот, знамето и химната) од страна на државните органи, општините и приватните субјекти. Воедно ги повикуваме политичарите од т.н. албански етнички блок на партии, да го осудат настанот и лично се заложат за прекин со ваквите пракси, кои се резултат на нивните политички ставови и националистичка реторика“, додаваат оттаму.