Левица: ДПМНЕ и ДУИ го продадоа езерото Mладост

од Stefanija Kuzmanovska
148 прегледи

На последната седница во Советот на Општина Велес, без никаква транспарентност, коалицијата од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ заеднички изгласаа продажба на пет атрактивни парцели на велешкото езеро Младост, соопштуваат од Левица.

„Парцелите се оттуѓени во 2022 година и мистерија е на кој начин општинскиот имот преминал во приватни раце. Градоначалникот Марко Колев се прави дека не е запознаен кој му го купил земјиштето, за кое самиот е надлежен.

Иако Колев ветуваше дека во неговиот мандат ниту една парцела нема да се продаде покрај езеро Младост, очигледно нечии лукративни интереси преовладоа.

Сите еколошки здруженија од Велес и стручни лица беа едногласни дека не смее да се дозволи дополнителна урбанизација на крајбрежјето на езеро Младост, но тоа не го разубеди градоначалникот Колев!

Го повикуваме градоначалникот Марко Колев да излезе пред јавноста и да објасни како беше спроведена приватизацијата на овие парцели, што е предвидено да се гради и за чии бизнис-интереси одработува со неговата одлука“, стои во соопштението.

Слични содржини