Левица: Мајка раководител ја вработува ќерката како инспектор во ДПИ во Битола

од Nikola Popovski
383 прегледи

При распишувањето на конкурс за вработување од страна на ДПИ се случува тотален непотизам под изрежирани околности. При полагање во Aгенцијата за администрација под наместени околности од страна на комисијата, им се дадени прашањата и одговорите на тројца кандидати кои препишуваат од мобилните телефони, обвинуваат од локалниот огранок на Левица во Битола.

Според партијата, една од кадидатките е Михаела Талевска, ќерката на раководителот на Државниот Пазарен Инспекторат – Одделение за инспекциски надзор Битола, Лилјана Талевска која се вработува како помлад инспектор во Одделение за инспекциски надзор Битола.

-Последната трета фаза која носи крајни и клучни бодови е основно интервју со кандидатите кое го прави комисија за вработување составена од членови при Агенцијата за администрација и институцијата во која треба да се вработат кандидатите во случајот ДПИ, истата таа агенција за администрација која и покрај тоа што согласно закон тестирањата ги спроведува под видео надзор кој јавно и во реално време се емитува на нивната веб страна, дозволува вакво прекршување на законот и полагање на Државниот испит за административен службеник со препишување, појаснуваат од партијата.

Левица бара од надлежните институции да отворат постапка за ревизија на конкурсот, одземање на видео материјалите и’истрага за целата постапка.

Слични содржини