Левица обвинува: Власта ќе ја советуваат професори, „експерти“, бизнисмени и новинари

од Stefanija Kuzmanovska
134 прегледи

Владата ги објави платите и имињата на соработниците и советниците вработени во трите потсекретаријати на Владата. Имено, од народни пари, за потребите на Ковачевски, ангажирани се 15 надворешни соработници и уште околу 25 соработници и советници кои влегуваат во списоците во трите потсекретаријати, соопштуваат од Левица.

Голем број од поранешните советници на Заев повторно се најдоа на листите, наведуваат од партијата.

„Сега, истите фигурираат како соработници и советници на потсекретаријатите на кабинетот на Ковачески, кои директно работат за премиерот. Власта ќе им исплаќа на овие лица авторски договори за специфични задачи, кои небулозно, не може да ги обезбеди од прекумерната и партизирана администрација, а народот за нив ќе плаќа околу половина милион евра годишно, велат од Левица.

Оттаму додаваат дека највисок хонорар повторно ќе добие Зоран Верушевски, советник за национална безбедност, во нето износ од 74.618 денари, а на списокот повторно е и Љубе Бошковски.

Власта ќе ја советуваат и со неа ќе соработуваат професори, „експерти“, бизнисмени и новинари, заклучуваат од партијата.

 

 

Слични содржини